Барселона не го пушти Артур да влезе на „Камп Ноу“ за мечот со Наполи

Барселона се декларира како „повеќе од клуб“ меѓутоа понекогаш потсетува дека има и поинакви манири. Каталонскиот клуб не му дозволил на Бразилецот Артур да влезе на „Камп Ноу“ за вечерашниот меч од Лигата на шампионите против Наполи. Тој се уште е фудбалер на Барселона кој од следната сезона ќе се пресели во Јувентус, а одби да го доигра финишот на првенството во Ла Лига, токму откако стави потпис на повеќегодишен договор со италијанскиот првак.

Артур замина во Бразил и порача дека нема намера да се врати во Шпанија, а во тој период беснееше и пандемијата на коронавирусот. Сепак, Бразилецот одлучи да се врати, го мина ПСР тестот за влез во земјата, но наиде на затворени врати на „Камп Ноу“. Тој не е во составот на Кике Сетиен, а веројатно Барселона и веќе не го смета за член на клубот, иако ќе треба да се средат некои формалности со раководството пред и дефинитивно да се пресели во Италија.

 

 

 

Се вчитува...