Барселона не може да се помири со елиминацијата: Ова е срамота, оргабени сме од судиите

Синоќа Барселона го доби реваншот во Мадрид со 2:1 над Атлетико, но тоа не беше доволно за Каталонците да го надоместат дефицитот од првиот натпревар и го завршија своето патување во Лигата на шампионите за оваа сезона.

По натпреварот во каталонскиот тимповторно беа крајно незадоволни од некои од судиските одлуки, а веруваат дека Турпан им наштетил и на синоќешниот натпревар против Атлетико Мадрид.

„За мене ова беше срамотен грабеж. Би сакал точно да знам од што се водат судиите кога ги одредуваат критериумите за натпреварите на Барселона, затоа што очигледно не се водат од постојните правила кои треба да се исти за сите. Не сакам да зборувам за судии, но ова е премногу. Играчите на Атлетико направија милион фаули за кои главниот судија не им покажа ниту жолт картон. Тој дури добар дел од тие прекршоци не ги ни санкционираше. Каков проблем имаат судиите со Барселона?  Дали се плашат од нас? Мораме да се трудиме трипати повеќе од нашите ривали во секој натпревар. Разбирам дека тоа се случува еднаш или двапати, луѓе сме и сите правиме грешки, но ова веќе станува видлив шаблон. Бевме ограбени во овој двоен натпревар на срамен начин. Никој не може да ме убеди дека во два натпревари против Атлетико во Лигата на шампионите, ваков вид судење се случува случајно“, рече фудбалерот на Барселона, Рафиња.

„Каталонците“ исто така се жалат и на одлуката Турпан да не покаже на белата точка по стартот над Фермин Лопез, кога овој заврши со раскрвавено лице.

Се вчитува...