Барселона нема дилема: Лапорта е подготвен на сè само за Вијналдум да потпише пред Европското првенство

Жоан Лапорта најави промени во тимот на каталонскиот клуб бидејќи неговата цел е Барселона да се бори на сите полиња следната сезона.

Веќе е јасно дека Серхио Агуеро својата кариера ќе ја продолжи во дресот на Барселона и аргентинскиот напаѓач треба да пристигне во Шпанија, а наскоро и да ги помине лекарските прегледи. Сепак, Барселона напорно работи и на доаѓањето на Жоржињо Вијналдум, кој следниот месец ќе биде слободен играч бидејќи истекува неговиот договор со Ливерпул.

Холанѓанецот не одлучи да го продолжи договорот со клубот од „Енфилд“ и како што стојат работите, од следната сезона ќе го гледаме во дресот на Барселона. Вијналдум во моментов е во таборот на холандската репрезентација, која се подготвува со полна пареа пред Европското првенство.

Сепак, Барселона не сака да чека до крајот на ЕП за да го претстави Вијналдум и се решени да го сторат сето ова пред почетокот на овој фудбалски турнир.

Имено, угледниот новинар Фабрицио Романо објави дека во Барселона решиле да го испратат својот медицински тим во тренинг кампот на холандската репрезентација за Вијналдум да ги изврши неопходните лекарски прегледи.

 

 

 

https://publish.twitter.com/?query=https%3A%2F%2Ftwitter.com%2FFabrizioRomano%2Fstatus%2F1398983038789468160&widget=Tweet

Се вчитува...