Барселона победува лесно и без Лео Меси

Барселона забележа убедлива победа од 1-4 на гостувањето против Гранада, покажувајќи дека каталонскиот гигант не е целосно зависен од Лео Меси. Аргентинскиот генијалец поради суспензија ја пропушти оваа средба, но тоа не им пречеше на избраниците на Луис Енрике да дојдат до планираните три бода, притоа постигнувајќи четири погодоци.

Домашниот голман Очоа одбрани неколку стопроцентни шанси пред конечно да биде совладан од Луис Суарез, кога во финишот од полувремето Уругваецот со прекрасен лоб удар ја доведе Барса во водство. Гранада неочекувано израмни на 1-1 на стартот од вториот дел, но Пако Алкасер (влезе во игра уште во првото полувреме на местото на повредениот Рафиња) ја врати Барса во водство. Домаќините на осум минути до крајот останаа со играч помалку по исклучувањето ан Агбо, а Барселона знаеше како да го искористи тоа и преку Ракитиќ и Нејмар стигна до уште поубедлива победа.

Каталонскиот гигант со овој триумф повторно заостанува два бода зад Реал Мадрид, но „кралевите“ имаат и натпревар помалку од Барса, оној на гостувањето против Селта.

All Goals & Highlights HD – Granada CF 1-4… by Sport-Today-2014

Се вчитува...