Барселона почна да им набива комплекс на „кралевите“

Барселона петти пат во низа стигна до победа во кошаркарското „Ел класико“. Каталонците вечерва на домашен терен во неверојатен натпревар беа подобри од големиот ривал Реал Мадрид по продолженија со 108-97  во 28. коло во шпанската АЦБ лига.

Домаќините го контролираа натпреварот се до последниот период, кога гостите од главниот град успеаја да се вратат, а Љуљ имаше и шут за победа во регуларниот дел кој не го погоди и натпреварот замина во продолженија.

Таму Барселона сепак беше подобра и на крајот стигна до конечен триумф од 108-97.  Поранешниот крал Лапровитола со 20 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Дек заврши со 17 поени.

 

 

 

Се вчитува...