Барселона подготвува големи промени во играчкиот кадар ова лето, а клубот се очекува да го потврди доаѓањето на неколку фудбалери следната недела. Веќе е јасно дека Серхио Агуеро и Ерик Гарсија ќе пристигнат во Барселона како слободни играчи, денеска беше постигнат договор и со Вајналдум, додека Мемфис Депај исто така е многу блиску до потпис. Во услови на сериозна финансиска криза, најважно за клубот е што тие ќе дојдат без никакво обештетување.
Каталонскиот весник „Ел Мундо Депортиво“ објави дека на списокот со желби на каталонскиот клуб се најде и дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт, кој изгледа многу разочаран од ситуацијата во „Старата дама“. Медиумите на Апенините вчера објавија дека Матијас не е задоволен од Јувентус и дека жали што не се согласил да дојде во Барса пред две години. Се чини дека „Каталонците“ сакаат да го искористат тоа и се подготвени да се обидат да го донесат и ова лето.
Но, „Мундо Депортиво“ отиде чекор напред денес и објави дека понудата за Де Лихт е веќе подготвена. Наводно, Барселона е подготвена да понуди двајца играчи за овој дефанзивец, а меѓу нив е и Миралем Пјаниќ. Покрај Пјаниќ, „Каталонците“ сакаат да ги понудат Антоан Гризман или Усман Дембеле. Пјаниќ оваа сезона не играше во Барселона и најави заминување пред неколку дена доколку Куман остане.
? Matthijs de Ligt no está a gusto en la Juventus y vería con buenos ojos la opción de recalar en el Barça, según @OnzeTv3
❗ El club azulgrana podría repetir la Arthur-Pjanic, ahora con el mismo Pjanic, Griezmann o Dembélé
✍ @RogerTorello
https://t.co/zjPSzZd6Dq— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) May 25, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА