Барселона подготвува два сензационални трансфери!?

Барселона подготвува две мега-бомби во летниот трансфер период, пренесуваат шпанските медиуми.

Каталонскиот клуб веќе контактирал со претставниците на Хари Кејн за да ја истражи можноста за негово доведување по Светското првенство. Напаѓачот на Баерн, кој има 32 години, има уште една година од договорот, а Барселона веќе бара начини да го финансира овој амбициозен трансфер.

И покрај интересот на Барселона, Кејн наводно е исклучително среќен во Минхен, а шампионите на Бундеслигата решително би се спротивставиле на секој обид за продажба на нивниот клучен играч. Покрај тоа, познато е дека од таборот на Кејн го прекинале првичниот разговор со претставниците на Барселона, и се верува дека по Светското првенство, нивен приоритет ќе бидат преговорите за нов договор со Баерн.

Од друга страна, Атлетико Мадрид, пак, веќе попуштил и е подготвен да го пушти Хулијан Алварез во Барселона за 150 милиони евра, но со два јасни услови.

Првиот е износот од 150 милиони да биде исплатен во целост и однапред без никакви плаќања на рати, а второто е Барса да не нуди никаква размена на играчи.

„По притисокот од Хулијан Алварез, Атлетико Мадрид е подготвен да преговара со Барселона под овие два услови“, се вели во соопштението.

Алварез веќе објави дека сака да го напушти Атлетико и да го оствари својот сон. На сите им беше јасно дека зборува за трансфер во Барселона, иако и други клубови покажуваат интерес за неговите услуги.

Се вчитува...