Шпанските медиуми пишуваат дека Лионел Меси ќе потпише двегодишен договор со Барселона, но продолжување на соработката со Аргентинецот ќе донесе и многу финансиски проблеми на „Камп Ноу“.
„Марка“ објави дека Барселона поради новиот договор за Меси ќе мора драстично да ги намали трошоците предвидени за плати во клубот, и тоа за сума од неверојатни 200 милиони евра.
Откако Меси ќе потпише нова соработка со каталонскиот гигант, Барселона ќе стави дел од ѕвездите на трансфер-листата, а меѓу првите кои треба да се заминат се Филипе Кутињо, Осман Дембеле и Антоан Гризман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА