Барселона после 894 дена се врати на „Камп Ноу“

Барселона се врати во својот долго реновиран дом, „Камп Ноу“ на „Спотифај“. Денес напладне, по точно 894 дена, тимот на Ханси Флик одржа отворен тренинг на стадионот, под навивање на 21.795 навивачи кои купиле билети.

Тимот веќе има право да игра на стадионот пред 27.000 навивачи, меѓутоа ќе продолжи да игра на „Монжуик“, затоа што клубот пресметал дека е неисплатливо да се игра на „Камп Ноу“, се додека капацитетот не достигне минимум 45.000 луѓе.

Последниот меч на Барселона на овој стадион беше во мај 2023 година, победа од 3-0 над Мајорка. Оттогаш машкиот тим играше на Олимпискиот стадион „Монжуик“, а одигра и два меча на тренинг кампот.

Се вчитува...