Барселона преку Атлетик Билбао во четвртфиналето на Купот

Барселона успеа да се пласира во четвртфиналето на Купот на Шпанија, откако на „Камп Ноу“ го совлада Атлетик Билбао со 3-1. Со тоа каталонскиот тим ја надомести негативата од 2-1 што ја имаше по првиот меч.

Луис Суарез го отвори резултатот во 35.минута со прекрасен погодок, а Нејмар во 48.минута од пенал зголеми на 2-0. Но, Атлетик Билбао возврати само три минути подоцна преку Саборит.

Лионел Меси со одлично изведен слободен удар во 78.минута ги разреши дилемите и го трасираше патот на Барселона во следната рунда од куп – натпреварувањето.

3-1 Barcelona VS Athletic Club – All Goals And… by Wrestling2016

Се вчитува...