Барселона преку мејл го откачи Фернандеш!

Барселона му соопштила пред неколку дена на бразилскиот фудбалер Матеус Фернандеш дека повеќе не е член на каталонскиот тим. Договорот на 23-годишниот бразилски фудбалер бил раскинат и тој сега е слободен агент и може да си бара нов клуб, но екипата за отказот го известила преку мејл.

Бразилецот пристигна во Барселона во 2020 година од Палмеирас за седум милиони евра, но не доби премногу шанса на „Камп Ноу“.

За Барселона настапи само на еден меч, и тоа во Лигата на шампиони против Динамо Киев кога одигра само 17 минути. Бразилскиот фудбалер имаше договор со клубот до 2025 година, но сега ќе има можност слободно да бира нов тим за неговата иднина.

Се вчитува...