Барселона, ПСЖ и Јувентус во борба за Лалана

Фудбалерот на Ливерпул и англиски репрезентативец, Адам Лалана, наскоро би можел да заигра во актуелниот италијански шампион, Јувентус, пренесуваат медиумите од Апенините. Лалана игра одлично оваа сезона под водство на Јирген Клоп и досега запиша седум погодоци и исто толку асистенции во Премиер – лигата.

Неговиот договор со тимот од „Енфилд роуд“ истекува во јуни, 2019 година, но неколку европски клуба покажуваат сериозен интерес ангажман на Лалана. Барселона и францускиот првак ПСЖ се тимовите кои подолго време се интересираат за Лалана, но и Јувентус ја следи целата ситуација и сега е подготвен да „загризе“.

Тимот од Париз е подготвен да понуди 45 милиони евра за неговите услуги и доколку Ливерпул не успее да обезбеди место во Лигата на шампионите, Лалана речиси сигурно ќе си замине.

Се вчитува...