Барселона се договори со Дембеле, a го продаде Тринкао

Барселона и Усман Дембеле се договорија за продолжување на соработката. Французинот се согласи на условите, и сега останува само реализација на новиот договор.

Иако имаше најави дека ќе си замине, сепак, по доаѓањето на Чави, тој сериозно смета на Дембеле, и така се договорија за останување. Дембеле беше поврзуван со трансфер во Челси, Манчестер Јунајтед и Борусија Дортмунд.

Во исто време Барселона го продаде Франциско Тринкао. Португалецот се сели во Спортинг со перманентен договор. Трансферот чини 10 милиони евра, со тоа што Барса ќе има дури 50% од следната продажба.

Се вчитува...