Барселона се огласи: Ќе соработуваме со полицијата!

Фудбалскиот клуб Барселона издаде соопштение во кое се потврдува дека полициски служби денес извршиле претрес во просториите на Ноу Камп. Утрово беше „потресена“ Каталонија, откако полицијата го уапси поранешниот функционер на каталонскиот клуб, вклучувајќи го и поранешниот претседател Хосеп Марија Бартомеу.

По овој настан, клубот се огласи пред јавноста со официјално соопштение.

„По пристигнувањето на полициските служби на Ноу Камп, по наредба на судот што се занимава со случајот на договорени услуги на социјалните мрежи, Барселона понуди соработка на полицијата и судските органи со цел да се разјаснат фактите што се предмет на оваа истрага. Информациите и документацијата што ги бара полицијата е строго ограничена на фактите релевантни за овој случај. Барселона ги почитува тековните правни постапки и принципот на презумпција на невиност на луѓето кои се најдоа во процесот“, се вели во соопштението на Барса.

Потсетуваме, полициската акција е поврзана со аферата „Барсагејт“. Истрагата е покрената затоа што се сомнева дека Бартомеу им плаќал на компании за да им го уништат угледот на одредени сегашни и поранешни фудбалери на клубот.

Се вчитува...