Барселона се подготвува за пеколно лето – заминуваат непотребните, доаѓаат слободни агенти

По киксот против Леванте во претходното коло се чини дека Барселона ќе мора да се задоволи само со Куп трофејот оваа сезона. На две кола до крајот на Ла Лига, каталонците заостануваат четири бода зад водечниот Атлетико Мадрид, а „јорганџиите“ ќе имаат шанса да го отпишат тимот на Куман од трката за титула веќе на следниот дуел против Осасуна.

Сега погледите на „Капу Ноу“ се насочени кон следната сезона, а како што пишуваат медиумите во Шпанија, пеколната сезона на Барселона ќе добие и „трето полувреме“ во летниот период кога каталонците ќе продолжат со смената на генерации во која нема место за неколку играчи со богати договори.

Голманот Нето, дефанзивците Самеул Умтити и Жуниор Фиро, играчите за врска Миралем Пјаниќ, Матуес Фернандес и Филипе Кутињо, како и напаѓачот Мартин Брејтвајт од следната сезона нема да го носат дресот на Барселона, а нивните места ќе бидат пополнети со „слободни“ играчи.

Имено, Барселона сериозно размислува за доведување на Џиџи Буфон, чиј договор со Јувентус истекува на крајот на сезоната, а неговите стапки ќе ги следат и Џорџињо Вајналдум, Мемфис Депај и Кун Агуеро. Покрај нив, Барселона веќе го договори доаѓањето на Ерик Гарсија па јасно е дека полека каталонскиот тим ќе го враќа претпознатливиот сјај.

Се вчитува...