Барселона се расфрла со пари, а на Пике и Бускетс им должи 102 милиони евра

Барселона ова лето беше еден од најактивните клубови на трансфер маркетот со ангажман на фудбалери кои го чинеа клубот 153 милиони евра, а и покрај тоа што каталонскиот тим се соочи со проблеми за регистрација на истите, на крајот успеа да ги најде потребните финансии продавајќи права.

Но, и покрај тоа шпанскиот гигант останува во голем минус, а тој е наjмалку 102 милиони евра, пари кои ги должи на капитените Жерар Пике и Серхио Бускетс. Истите со цел да му помогнат на клубот во тешките моменти се одрекоа од дел од финансиите кои им следуваа, односно се сложија на наплата во рати, а Барселона има должност истите да ги исплати до крајот на 2024 година.

52 милиони евра од нив му следат на стоперот, а 50 милиони евра на играчот за врска. Дали Барселона ќе успее да го испочитува договорот или пак долгогодишните членови на тимот на крајот ќе мораат истите да ги бараат преку судовите останува да видиме.

Се вчитува...