Барселона се враќа на „Ноу Камп“ и во ЛШ

Барселона ќе го игра својот натпревар од шестото коло во Лигата на шампионите против Ајнтрахт Франкфурт на 9 декември на стадионот „Ноу Камп“, објави клубот.

Барселона доби административна дозвола претходно оваа недела да го игра на својот стадион натпреварот од 13-то коло од шпанската Ла Лига против Атлетик Билбао, закажан за 22 ноември.

Клубот наведува дека УЕФА го прифатила барањето натпреварот од Лигата на шампионите против Ајнтрахт да се игра на „Ноу Камп“, бидејќи се исполнети сите потребни услови.

„Оваа одлука следи по добивањето на првата дозвола за користење на Фаза 1Б, која овозможува зголемување на капацитетот и ја опфаќа целата странична зона. Одлуката се надоврзува на веќе издадената дозвола за Фаза 1А, која ги опфаќа Главната трибина и Јужната трибина. Во наредните денови, клубот ќе објави информации во врска со продажбата на билети за натпреварот“, објави клубот.

Реновирањето на стадионот на Барселона започна во јули 2023 година. За време на работите на „Камп Ноу“, Барселона ги играше своите домашни натпревари на Олимпискиот стадион.

Се вчитува...