Барселона сериозно работи на трансферот на Јошко Гвардиол, тврдат шпанските медиуми.
Манчестер Сити би можел да биде подготвен да го продаде хрватскиот дефанзивец, кој може да игра како стопер и лев бек. Тој има договор со клубот од Манчестер до летото 2028 година.
За потсетување, Сити го донесе Гвардиол од Лајпциг во 2023 година за 90 милиони евра. Тој одигра 122 натпревари, постигна 13 гола и имаше 10 асистенции, од кои 25 настапи, два гола и пет асистенции се однесуваат на оваа сезона, во која доживеа сериозна повреда, но сега се очекува да игра со Хрватска на Светското првенство.
Веста за потенцијалното заминување на Гвардиол доаѓа откако тренерот Пеп Гвардиола го напушти Сити, по што заминаа Џон Стоунс и Бернардо Силва. Заедно со ветераните, клубот би можеле да го напуштат и Родри, кој се поврзува со Реал Мадрид, и Матео Ковачиќ.
И Баерн го сака Гвардиол?
Но, информациите се дека Барселона не е единствената што го сака Гвардиола. Најчесто се споменува интересот на Баерн, чиј спортски директор е Макс Еберл, кој работеше со Гвардиола во РБ Лајпциг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
