Барселона со шокантна одлука: Продава една од најголемите ѕвезди за да донесе тројца играчи

Барселона веќе 11 години не може да дојде до трофејот во Лигата на шампионите, а екипата веќе наголемо се подготвува за летниот преоден рок во кој има големи планови за да го засили својот тим во обидот да стигне до тронот на Европа.

Веќе е јасно дека главни „мети“ за летниот преоден рок се Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид и Алесандро Бастони од Интер. Сепак, со оглед дека Барса веќе неколку години има проблеми со финансискиот фер-плеј, според информациите „Каталонците“ се подготвени да ја продадат својата ѕвезда Алехандро Балде.

За левиот бек веќе има интерес од неколку екипи од Премиерлигата, а исто така Барселона има план доколку донесе дефинитивна одлука да го стави на трансфер листа. Станува збор за Алекс Грималдо од Баер Леверкузен. Тој веќе има желба да се врати од клубот каде потекнува, а моментално првопласираниот тим во Ла Лига се надева дека би можел да го има за сума од околу 12 милиони евра.

Барса се надева дека ќе заработи околу 50 милиони евра од Балде, за да може да ги оствари овие три цели за следната сезона.

Се вчитува...