Антоан Гризман постигна три гола на пет натпревари оваа сезона и навести дека се враќа во посакуваната голгетерската форма. За споредба, во целата мината сезона за Атлетико Мадрид постигна само три првенствени гола на 29 одиграни натпревари.
Сега Гризман игра многу ограничено време и на теренот поминува во просек само околу половина час. Против Порто влезе во игра во 61. минута и погоди за триумф во Лигата на шампионите, против Хетафе влезе во 62. минута и ги постави конечните 3:0, а со неговиот гол Атлетико ја победи Валенсија со 1-0 откако на теренот влезе во 64. минута.
Малата минутажа на Гризман е причината за „караницата“ меѓу Атлетико и Барселона вреден 40 милиони евра. Барселона му го позајми играчот на Атлетико Мадрид, а во договорот на клубот беше дека мадридскиот тим мора да и плати на Барселона толку ако Гризман одигра повеќе од 50 проценти од натпреварите, без разлика дали во игра влегол од првата или во 90. минута.
Така случајот го толкуваат во Каталонија. Во Мадрид, пак, сметаат дека тоа се однесува на неговата втора сезона и времето поминато на теренот, па клубот користи стратегија во која му ја ограничуваат минутажата.
Барселона тврди дека Гризман веќе ја исполнил договорената клаузула и ги бара парите бидејќи, според неа, клаузулата била активирана летово. Каталонците тврдат дека првичниот договор бил едногодишна позајмица со можност за продолжување, а не двегодишна позајмица и затоа сакаат да ја добијат договорената сума.
Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона ќе го тужи Атлетико Мадрид и ќе се обиде да го докаже тоа на суд за да добие 40 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА