Барселона цел ноември без Андре Гомеш и без Серхио Роберто

Барселона освои само еден бод на гостувањето против Олимпијакос, но многу поголем проблем за тренерот Валверде од конечниот исход претставуваат повредите што ги заработија Серхио Роберто и Андре Гомеш, кои сега извесно време ќе бидт надвор од терените.

Десниот бек Роберто мораше да биде заменет уште во првото полувреме, а деталните прегледи само потврдија дека станува збор за кинење на мускулни влакна, по што е препорачана пауза од најмалку пет седмици. Андре Гомеш не беше стартер, но по влегувањето во игра и португалскиот играч за врска исто така го повредил мускулот на ногата, па сега ќе мора да отсуствува до крајот на месецот.

Во овој период Барселона ќе одигра три средби во Примера дивизион, против Севилја, Леганес и Валенсија, ќе гостува на Јувентус во Лигата на шампионите и ќе го одигра реваншот од Копа дел реј против Мурсија.

Се вчитува...