Барселона уште лани направила дил со Нејмар, само за да спречи да оди во Реал Мадрид

Барселона му ветила на Нејмар дека ќе го врати во Каталонија најдоцна претстојново лето обидувајќи се на тој начин да го спречи да направи трансфер во Реал Мадрид. Нејмар очајно сакаше да си замине од Пари Сен Жермен минатото лето. Тој праќал пораки до Барселона преку сите можни канали.

Клубот се согласил на преговори, имало и состанок на претставници на Барса и на ПСЖ во Париз. Нејмар дури и се согласил на помала плата од онаа во францускиот клуб, со можност да му биде надоместено ако покаже добри изданија. Тој дури и почнал да бара куќа во Барселона. Најтешкиот дел бил да се убеди Насер Ал-Келаифи.

„Ако не дојдеш ова лето, сигурно ќе дојдеш следното“ – ова е ветувањето кое му го дала Барселона на Нејмар во обид да го спречи да се договори со Реал Мадрид кој покажа интерес за Бразилецот откако стана јасно дека тој по секоја цена сака да го напушти ПСЖ.

И покрај несигурната финансиска ситуација поради коронавирусот, Барселона и летово ќе остане на овој курс се со цел да не дозволи Нејмар да заврши кај големиот ривал.

Се вчитува...