Барселона веќе најде замена за Дорси

Деновите на Џои Дорси во Барселона се и тоа како избројани. Јорго Барцокас неодамна изјави како не е задоволен од пристапот кон играта на корпулентниот кошаркар кој во последно време не ја одржува својата физичка форма здебелувајќи се 14килограми.  Грчкиот стратег не сака повеќе да чека на Дорси да се врати во форма и побара ново засилување кое раководството на каталонскиот гигант експресно му го исполни.

Витор Фаверани е најновиот играч на евролигашот, објави клубот на својата официјална веб-страница. Фаверани доаѓа од Мурсија со која Барселона се договори да го преземе играчот до крајот на сезоната, а Барцокас ќе го има на располагање веќе в четврток на натпреварот против Анадолу Ефес во Евролигата.

„Фаверани има доволно искуство и квалитет за брзо да се адаптира на играта на Барселона благодарение на повеќе години минати во клубови низ Европа. Веруваме дека ќе придонесе со интензитет, енергија и разновидност“ – вели спортскиот директор Родриго де ла Фуенте.

Во минатото, Фаверани играше за Сарагоса, Мурсија (во два наврати), Макаби Тел Авив, Валенсија како и во Бостон Селтикс во НБА.

  faverani

Се вчитува...