Бартомеу демантира дека поднел оставка, легендите на Барса и соиграчите го поддржуваат Меси (ФОТО)

Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу за шпанските медиуми демантираше дека поднел оставка на позицијата. Ова е одговор на информациите дека претседателот наводно понудил тој да си замине ако тоа го задржи Меси во клубот. Во меѓувреме, Барселона се огласи со официјалната позиција околу трансферот на Меси велeјќи дека тој може да биде купен за 700 милиони евра.

Паралелно со ова се огласија и соиграчите на Меси. На социјалните мрежи објавуваат статуси со поддршка за капитенот. Луис Суарез и Артуро Видал веднаш реагираа со постови со кои ја заземаат страната на Меси. А го поддржа уште една легенда на клубот, Карлес Пујол.

Се вчитува...