Барселона е во шок по најавите дека Лионел Меси ќе замине од „Камп Ноу“, но покрај борбата да го задржи Аргентинецот, раководството на клубот се обидува и комплетно да се реструктурира, а по барање на новиот тренер Роналд Куман. Претседателот Жозеп Мариа Бартомеу, кој е во „војна“ со Меси, тргна во офанзива по нови засилувања доколку Меси и дефинитивно одлучи да ја напушти Барселона. Каталонскиот гигант се подготвува да испрати понуда за напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане, а Бартомеу има и нова „луда идеја“.
Барселона е подготвена да му понуди мегаразмена на Атлетико Мадрид – Антоан Гризман за Жоао Феликс. Французинот токму од Атлетико Мадрид пристигна на „Камп Ноу“, а сега би можел да се врати назад, ако мадридскиот клуб сака да се откаже од младата португалска ѕвезда Жоао Феликс. Секако, има и финансиска гледна точка на оваа размена.
Гризман во Барселона заработува 21 милиони евра годишно, а Жоао Феликс во Атлетико Мадрид само 3,5 милиони евра по сезона плус бонуси. Товарот повторно би го имал Атлетико Мадрид, а Барселона незначително би ја зголемила платата на Жоао Феликс. Ова очигледно потврдува дека Барселона сака по секоја цена да се спаси од огромните плати кои ги имаат Меси, Гризман и Суарез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА