Бартомеу со ултиматум до Меси: Бара само една работа за да поднесе оставка на претседателската функција

Жозеп Бартомеу веќе неколку години е најомразената личност меѓу навивачите на Барселона. Претседателот на каталонскиот тим е на мета на критики и сега по најавеното заминување на Лионел Меси од клубот. Но, и покрај тоа Бартомеу одбива да поднесе оставка.

Најдобриот светски фудбалер пред два дена официјално побара од Барселона да го ослободи да го напушти клубот ова лето. Единствена опција Меси да остане е заминувањето на Бартомеу, но тој вешто тоа го избегнува.

Како што пренесува каталонски „Спорт“, денеска Бартомеу поставил ултиматум до Меси објаснувајќи што треба Аргентинецот да направи како тој би поднел оставка на претседателската функција.

Бартомеу му порачал на Меси дека јавно мора да потврди дека ќе остане во клубот, по што тој веднаш ќе поднесе оставка и ќе ја напушти Барселона. По оваа објава на Бартомеу сега се чека реакција на Меси.

Се вчитува...