Марк Бартра е подготвен за камбек на фудбалските терени само еден месец по повредата на раката заработена при експлозијата на бомба во непосредна близина на клупскиот автобус на Борусија Дортмунд. Тој веќе десетина дена тренираше со остатокот од тимот, па тренерот Тухел синоќа потврди дека шпанскиот дефанзивец ќе биде во комбинација за денешната пресметка со Аугсбург.
„Бартра може да игра против Аугсбург, тоа навистина се убави вести. Останува уште да разговарам со докторите за да видиме дали може да игра со гипс, не верувам дека тоа ќе биде проблем. Ако се е ОК, Бартра ќе биде во тимот“ – изјави Тухел.
Марк Бартра минатото лето дојде во Дортмунд од редовите на Барселона и се покажа како одлично засилување за одбраната на Борусија. Тој сезонава настапи на 24 средби во дресот на „милионерите“, постигнувајќи и еден гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА