Барцокас официјално ја напушта Барселона

Кошаркарскиот клуб одлучи да ја раскине соработката со досегашниот тренер Јоргос Барцокас. Тоа што неколку дена се најавуваше, сега е и официјално, Барселона ќе побара нов тренер за следната сезона, иако грчкиот стратег имаше договор на уште една сезона.

Барцокас со Олимпијакос во 2013 година го освои Ф4 во Евролигата, а потоа имаше одлични резултати и со Локомотив Кубан, па раководството сметаше дека ќе биде идеална замена за Чави Пасквал, кој замина во Панатинаикос. Сепак, Барцокас не ги оправда очекувањата, Барселона заврши на 11.позиција во Евролигата, а не беше конкурентна ниту во Ендеса лигата.

Како најсериозен кандидат за клупата на Барселона се споменува Шарунас Јасикевичиус.

Се вчитува...