Јоргос Барцокас беше видно расположен на денешната прес-конференција во пресрет на финалето на Евролигата во кое неговиот Олимпијакос за противник ќе го има тимот на Реал Мадрид.
Барцокас најде начин и да се пошегува, истакнувајќи дека победата во полуфиналето му донела проблем – да не може да присуствува на концертот што утревечер ќе го одржи групата „Ајрон Меиден“, токму во Атина.
„Штета е, тоа ќе биде одличен концерт. Мојата ќерка беше на последниот и беше воодушевена, договорот беше следниот пад да одиме заедно, но јас не можам. Морам да водам финале… а бендот е навистина одличен“, коментираше Барцокас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
