На денешниот единствен натпревар од 6. коло во ПМФЛ, на стадионот „Петар Милошевски“ во тренинг центарот на ФФМ, Башкими помалку изненадувачки славеше со 1-2 на гостувањето против Скопје, доаѓајќи до првите бодови сезонава.
Во меч со многу тензии на теренот, и отворена желба за победа на двете страни, гостите поведоа со голот на Да Силва во 28. минута.
По уште една грешка во одбраната на Скопје во 62. минута Башкими дојде до 0-2 со голот на Адис Мурати.
Во 69. минута Скопје успеа да намали. Пенал изнуди Кристијан Николовски, а сигурен реализатор за домашните беше Адем Али. Во продолжението скопјани имаа можност и за израмнување, но останаа неискористени неколку шанси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
