Само две одиграни кола во македонскиот шампионат и веќе имаме две тренерски смени на нашата фудбалска сцена. Прв менуваше шампионот Вардар откако вчера му врачи отказ на Аргентинецот Фабијани, а денеска на ист чекор се реши и „фенерџијата“ Башкими.
Кумановскиот клуб важи за главен кандидат за испаѓање, во првите две рунди беше убедливо поразен, но управата на клубот вината за ваквиот старт ја побара кај тренерот Реџепи, кој денеска доби отказ.
За нов тренер на Башкими именуван беше Шабан Сулејмани, кој претходно има работено и во Лирија Призрен, Беса, Гостивар, а во изминатиот период беше дел од стручниот штаб на Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
