По катастрофалниот пораз од 6-0 против Силекс во премиерното коло од Првата македонска фудбалска лига, раководството на Башкими реагираше веднаш и во еден ден донесе дури десет нови фудбалери. Кумановскиот клуб направи експресна реконструкција на тимот со цел драстично да го подигне квалитетот и да го засили ростерот за предизвиците кои следуваат во домашниот шампионат.
Одбраната е засилена со стоперите Џулинај Капланај и Андреј Љубевски, како и со левиот бек Билал Исени. Конкуренцијата во средниот ред ќе ја заострат Габриел Тенлеп, Андри Стафа, Клаудио Мартинез и Мал Јанузи. Напаѓачкиот потенцијал на Башкими во продолжението од сезоната ќе биде предводен од крилните играчи Фавзи Јахаја и Антонио Мијамона, како и централниот напаѓач Теодор Мирчевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
