Баскет Кам поведе со 2-0 во финалната серија против Вардар

Кошаркарките на актуелниот шампион на Македонија, Баскет Кам стигнаа и до втората победа во финалната серија во домашниот шампионат откако денеска и во вториот меч на домашен терен славеа над Вардар овојпат со 64-58.

Целиот меч беше израмнет меѓу овие два тима, а на крајот за конечен триумф клучна се покажа третата четвртина која домашната екипа ја доби со четири поени разлика, откако сите останати периоди завршија во егал.

Tретиот натпревар од финалната серија на програмата е на 24. мај, а доколку Баскет Кам успеа да слави ќе стигне до нова титула во домашниот шампионат.

 

Се вчитува...