Баскет Кам убедлив во првиот меч против Крива Паланка во женскиот шампионат

Актуелниот шампион на Македонија во женска конкуренција Баскет Кам поведе со 1-0 против Крива Паланка во финалната серија од плеј-офот во Првата лига.

Домаќините на овој меч славеа во првиот меч од серијата со убедливи 66-47. Откако по првото полувреме беше егал, Баскет Кам одигра фуриозно во вториот дел што беше доволно за конечен триумф од 66-47.

Кметовска го предводеше победничкиот тим со 27 поени, додека Димова со 24.поени. Во гостинската екипа, Робинсон реализираше 13 поени, Меклејни имаше 12, а Ѓоргиевска 10 поени.

Се вчитува...