Баскет Кам убедливо поразен на стартот на новата сезона во ВАБА

Премиернниот натпревар во регионалната Јадранска лига нема да им остане во добро сеќавање на кошаркарките и стручниот и раководен тим на Баскет КАМ, откако беа поразени од Војводина со 48-100.

Во дуелот со екипата од Нови Сад, кошаркарките од Македонска Каменица имаа сили за рамноправна игра само во првите десет минути…

По рамноправната прва четвртина (24:25), дојде сериозен пад во играта на македонскиот носител на двојната круна. Во наредните две четвртини, гостинките од Нови Сад, парцијално направија неверојатни (59:18)

Во вториот период имаа (27:8), во третиот пак (32:10) за преубедливи, двојно поголеми, (84;42).

Американката Адијат Адамс беше на нивото на задачата за овој ранг на натпреварување. Реализираше дабл-дабл од 21.поен и 18.скока, но ниту една друга кошаркарка од домашната екипа не стигна до двоцифрен број на поени на дебито во WABA лигата.

Шанса за поправка на впечатокот, кошаркарките на Баскет КАМ ќе имаат на 6.октомври, повторно на домашен терен, против екипата на Орлови од Бања Лука.

Се вчитува...