Баскет-магија на екс-кошаркарот на Кожув (видео)

Душан Домовиќ Булут се прослави како еден од тројцата баскет-играчи на Србија со кои нашиот северен сосед доминира на „три на три“ натпреварувањата ширум светот во последните години.

Малкумина се сеќаваат дека овој кошаркар пред неколку години настапуваше и во Македонија, со успех носејќи го дресот на Кожув. По неколку месеци минати во Гевгелија тој реши да се врати во Србија и се посвети на својата баскет-кариера, што се покажа како вистински потег.

Домовиќ Булут беше еден од тројцата играчи кои ја искачија Србија на тронот на последното Светско Првенство во „баскет три на три“, а деновиве со голем успех настапува за својата селекција и на европскиот куп во Амстердам, каде на дуелот со Шпанија му „скрши кичма“ на еден од противничките играчи.

Ова е потег што мора да се погледне, и тоа од неколку различни агли…

Се вчитува...