Баскија е обоена во црвено-бело

Денешната програма во Примера дивизион почна со големото баскијско дерби меѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао, на кое гостите успеаја да го освојат Сан Себастијан, триумфирајќи со 0-2.

Откако на претходните гостувања со Севилја и Валенсија создаваа шанси, но не успеваа да постигнат гол, овојпат „црвено-белите“ беа далеку поконкретни во завршниците од акциите. Во прилог им одеше и конфузноста во одбраната на Реал Сосиедад, па најпрвин Раул Гарсија од пенал го отвори резултатот, пред Инаку Вилијамс да казни една грешка на домаќините и да ја осигура големата победа на гостите од Билбао.

Атлетик со оваа победа се зацврсти на седмата позиција на табелата, додека поразот тешко ќе им падне на фудбалерите на Реал Сосиедад, кои го губат чекорот со Атлетико Мадрид во трката за четвртото место, па сега заостануваат четири бода зад тимот на Диего Симеоне.

Raul Garcia Penalty Goal HD – Real Sociedad 0-1… by euro-goal-tv

Inaki Williams Goal HD – Real Sociedad 0-2… by gashiylli223

Се вчитува...