Басконија направи сериозен ремонт во играчкиот кадар летово, а најтенка остана центарската линија каде стручниот штаб на располагање го имаше единствено искусниот Фариед. Шпанскиот евролигаш пред петнаесеетина дена го потпиша и Украинецот Алекс Лен од Реал Мадрид, но таа соработка траеше само една седмица и договорот експресно беше раскинат.
Управата на клубот експресно се активираше за да доведе нов висок играч за борбата под обрачите и успеа во тоа – утрово обелоденувајќи го трансферот на Марсио Сантош.
Станува збор за кошаркар висок 204 сантиметри кој може да настапува како центар и крилен центар. Тој ја мина ланската сезона во Евролигата како член на Макаби, а по заминувањето од израелскиот гигант доби можност повторно да биде дел од елитното европско натпреварување.
Сантош ланската сезона имаше просек од 6,9 поени по натпревар во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
