Басконија се подготвува за нова тренерска смена за летово, откако шпанскиот евролигаш изненадувачки реши да не ја продолжи соработката со Галбијати иако овој стратег стигна до огромен трофеј во Купот на Шпанија.
Шпанските медиуми информираат дека главен фаворит за нов тренер на овој тим е Велимир Перасовиќ, 61-годишниот Хрват кој веќе имал разговори со управата на Басконија и начелно ја прифатил понудата што му била доставена.
За Перасовиќ ова би бил четврти пат да седне на клупата на Басконија, првиот пат беше од 2005 до 2007, по што се врати во клубот за сезоната 2015/16, па потоа и во 2018 година.
Последен ангажман на искусниот Хрват беше како предводник на Уникс Казан, тим со кој пред две години стигна до титулата во ВТБ-лигата, и тоа најмногу поради извонредните изданија на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
