Бастони не мрда од Интер

Алесандро Бастони во последните месеци беше поврзуван најпрвин со Барселона, од неодамна и со трансфер во редовите на Реал Мадрид.

Сепак, претседателот Џузепе Марота во последната изјава за италијанските медиуми јасно стави до знаење дека таа приказна е завршена и најдобриот дефанзивец на Интер ќе остане на „Џузепе Меаца“.

„Слободно можам да им кажам на нашите навивачи дека не треба да стравуваат за Бастони. Ние не сме клуб што продава бидејќи не ни треба да заработуваме на таков начин. За фудбалер да си замине ќе треба тој самиот да побара, а во случајот на Алесандро тоа никогаш нема да се случи. Ние сме презадоволни од него, тој е среќен во Интер, очекувам да остане уште долго во нашиот клуб“, изјави Марота.

Се вчитува...