Баварците се велесила во Германија – за едно полувреме му пукнаа „петарда“ на Баер во Леверкузен

Баерн Минхен ја демонстрира својата фудбалска надмоќ во Бундес-лигата откако попладнево на гостински терен го демолира Баер Леверкузен, со неверојатни 0-5 по само едно одиграно полувреме на „Бај Арена“.

Поразот во минатото коло од Ајнтрахт очиледно послужи како дополнителна мотивација, Баерн денеска игра перфектен меч што го почна со мајсторски погодок со „пета“ на Роберт Левандовски во третата минута. Полскиот ас нешто подоцна зголеми на 0-2, за потоа Милер да стрела прецизно за 0-3.

Во завршницата од полувремето на сцена стапи Гнабри, кој со два брзи гола донесе водство од 0-5 за Баерн.

Се вчитува...