Фудбалерите на Хајденхајм загубија три бода во борбата за опстанок откако денеска не успеаја да приредат сензација ремизирајќи 3-3 на гостувањето кај Баерн Минхен во меч од 32. коло во Бундеслигата.
Гостите до шокатни 0-2 стигнаа со головите на Зивзивадзе во 22. и Динкчи во 31. минута. До крајот на првиот дел домаќините намалија на 1-2 преку Горецка во 44. минута. На 2-2 израмни истиот фудбалер во 57. минута. Хајденхајм стигна до ново водство со вториот гол на Зивзивадзе кој со феноменален шут стрелаше за (2-3), но Баварците успеаја да стигнат до со автоголот на голманот Рамај во 100. минута.
FC Bayern [3]-3 Heidenheim – Diant Ramaj own goal 90+10'
byu/977x insoccer
Во борбата за пласман во Лигата на шампионите, Хофенхајм во финишот прокоцка победа против Штутгарт играјќи 3-3. Во останатите мечеви од програмата од 15.30 часот: Вердер – Агузбург 1-3, Унион Берлин – Келн 2-2 и Ајнтрахт Франкфурт – Хамбургер 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
