Баварците со лесна победа над Бохум се „загреаја“ за ПСЖ, Дортмунд до голем триумф во Бремен (ВИДЕО)

Баерн Минхен стигна до убедлива победа на домашен терен против Бохум од 3-0 во натпревар од 20. коло во германската Бундеслига и со тоа го задржа лидерското место во шампионатот на Германија.

Баварците до водство од 1-0 стигнаа во 41. минута со погодокот на Томас Милер. На 2-0 зголеми Кингсли Коман во 64. минута, додека конечните 3-0 ги постави Серж Гнабри од пенал во 73. минута.

До тежок триумф стигна Борусија Дортмунд на гостувањето кај Вердер Бремен со 0-2. Водство за „милионерите“ од 0-1 во 67. минута донесе Биное-Гитенс, додека конечните 0-2 беа дело на Жулијан Брандт во 85. минута.

Во останатите натпревари од понудата во 15.30 часот: Фрајбург – Штутгарт 2-1, Хофенхајм – Баер Леверкузен 1-3, и Мајнц – Аугзбург 3-1.

 

Bayern Munich [3] – 0 Bochum – Serge Gnabry 73′ from soccer

 

 

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...