Баже Јанакиевски нов „шеф“ на Работнички

Второлигашот Работнички денеска означи старт на подготовките  за новата сезона, во која главна цел ќе биде враќњае во прволигашката конкуренција. „Романтичарите“ во новата сезона ќе бидат предводени од Баже Јанакиевски, кој е назначен за нов шеф на струката на тимот.

Јанакиевски последно го водеше Башкими, а сега ќе има цел да го врати Работнички на старите прволигашки патеки.

Што се однесува до екипата, таа ќе биде целосно реновирана. Во следните денови ќе биде познато кои играчи ќе го засилат тимот на „романтичарите“.

Се вчитува...