Баже Лазаревски, нов шеф на стручниот штаб на Работнички

Фудбалскиот прволигаш Работнички го именува Баже Лазаревски за нов шеф на стручниот штаб на сениорскиот тим, објави клубот на својот официјален сајт. По неотповикливата оставка на Жикица Тасевски, раководството одлучи да му даде доверба на искусниот Лазаревски, кој долг период координира со младинската академија во клубот. Тој ќе ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб на ФК Работнички до крајот на сезоната, а негови асистенти ќе бидат Томислав Франц, Славчо Георгиевски и Драги Атанасовски.

Баже Лазаревски ќе дебитира на клупата на ФК Работнички на неделниот натпревар против Македонија Ѓорче Петров.

ФК Работнички искажа благодарност до Жикица Тасевски за професионалниот ангажман и посветеноста во работата во периодот додека беше на тренерската позиција во ФК Работнички.

Се вчитува...