БЏК куп: Сингл победите донесоа триумф на тенисерките над Грузија

Двете победи на македонските тенисерки во сингл мечевите донесоа триумф над Грузија во мечот за пласман од 4-6.место во рамките на Били Џин Кинг купот Втора Евроафриканска зона што се игра во Вилнус, Литванија. Македонија ја совлада Грузија со 2:1 и утре во мечот против Изреал ќе игра за 4.то место во оваа зона.

Првиот поен за Македонија го донесе Стоилковска која со 2:1 во сетови (61 26 63) ја победи Зозија Кардава за 1 час и 55 минути игра. Македонската тенисерка имаше одличен почеток на мечот и водство од 4:0 во гемови, притоа четвртиот гем го освои по 14 одиграни поени. Противничката намали, а вистинска борба и дури 30 поени беа одиграни во седмиот сет. стоилковска го доби гемот, а воедно и сетот за водство од 1:0.

Но, во вториот сет поинаква слика. Кардава поведува со 4:0 во гемови, а Стоилковска освои два гема за сетот со 6:2 да заврши за тенисерката на Грузија, која изедначи на 1:1 во сетови. И решавачкиот сет почна со водство на Кардава од 2:0, но Стоилковска со серија од три гема поведе со 3:2, а по 3:3 во гемови, македонската тенисерка со уште една серија од три гема стигна до конечен триумф од 2:1 во сетови и водство за Македонија.

Во вториот меч Лина Ѓорческа играше против Екатерине Горгодзе. Мечот имаше еден сет, кој и припадна на Ѓорческа со 6:1 во гемови што значеше водство од 1:) во сетови, но потоа ривалката поради повреда го предаде мечот и Македонија го доби дуелот со Грузија.

Во мечот во двојки дојде до промени бидејќи победникот беше познат, па за Македонија шанса добија Теона АНдова и Ива Данева, кои загубија од Натела Џаламидзе и Оксана Калашникова со 2-0 во сетови (60 61).

Утре – сабота македонските тенисерки го играат послендиот меч што е воедно дуел за 4.то место.

Се вчитува...