БЏК: Македонија ја надигра Естонија на стартот од II Евроафриканска зона

Женската репрезентација на Македонија оствари триумф во мечот од првото коло на Втората Евроафриканската зона од Били Џин Кинг купот совладувајќи ја Естонија со 2-1.

Победата ја донесе македоскиот дубл кој едноставно доминираше во мечот и имаше постојана контрола над резултатот.Во решавачкиот меч Македонија поведе со 2-0 во гемови, а потоа водеше и со 3-1 и 4-2, за сетот да го заврши со 6-3 и водство од 1-0 во сетови. Вториот сет беше целосна доминација на македноските тенисерки кои поведоа со 4-0 во гемови, за потоа Естонија да намали на 4-2, но Ѓорческа и Стоилковска не дозволија пресврт и сетот го завршија со 6-2 и 2-0 во сетови за конечни Македонија – Естонија 2-1. Одличната реализација на брејк топките се покажаа како клучни особено што Македонија имаше 6/7, а Естонија 2/7.

Триумфот е уште поважен ако се знае дека противникот водеше со 1-0 во добиени мечеви откако Елена Малигина го добиот дуелот со Магдалена Стоилковска со 2-0 во сетови (6-1 6-3). Сепак Стоилковска покажа дека може да игра добро, но слабиот процент на реализирани брејк шанси не и дозволија да освои повеќе гемови (2/13), додека нејзината противничка имаше 6/8. Притоа Малигина освои 17 поени повеќе од Стоилковска (71-54).

Клучниот меч за победата беше поенот кој го освои нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа против искусната Каја Канепи. Во првиот сет Ѓорческа спаси и сет топка. Канепи поведе со 2-0, а потоа имаше постојано предност од еден брејк повеќе и по 5-3 следуваа клучните моменти во мечот. Ѓорческа стигна до 5/5 откако во 10. гем спаси и сет топка. Во тај брекот по 1-0 во поени за Канепи, Лина имаше серија од четири поени за да го добие тај брејкот со 7-4 на поени и водство од 1:0 во сетови. Во вториот сет по 2-2 во гемови македонската тенисерка освои два гема за водство од 4-2, а потоа Естонката изедначи на 4-4, но тоа не беше пречка за Ѓорческа која со нови два гема го доби сетот со 6-4 во гемови, а тоа значеше 2-0 за Ѓорческа и Македонија изедначи на 1-1.

Утре Македонија е слободна, а во среда е мечот со Хрватска, додека утре играат Хрватска – Естонија.

Се вчитува...