Бебешко поднесе оставка од селекторската функција во Украина

Селекторот на ракометната репрезентација на Украина, Сергеј Бебешко, поднесе оставка од функцијата по елиминацијата од ЕВРО 2020. Украинците завршија на последната позиција во нашата група и се единствената репрезентација што Македонија ја совлада на Европското првенство.

Бебешко поднесе неотповиклива оставка откако анализираше дека селекцијата под негово водство потфрли со резултатите. Украина загуби и од Чешка и од Австрија и со три порази си замина дома од Виена.

Се вчитува...