„Бегство“ на годината: Како Висар Муслиу го ‘изработи’ Вардар и долета во Шкендија

Зимскиот преоден рок заврши, во Македонија се направија многу трансфери речиси „за без пари“, а најмногу внимание предизвика „бегството“ на Висар Муслиу од Вардар. Можеби како ‘реванш’ за Бесир Демири, но пред се да се ослаби најголемиот ривал и да се засили квалитетот на сопствениот тим, Шкендија успеа да го доведе репрезентативниот дефанзивец во своите редови како позајмен играч од косовскиот тим Приштина.

Раководството на Вардар при ангажманот на Муслиу, многу наивно, дозволило во договорот да стои дека фудбалерот може да си замине доколку се појави понуда од странство, а тоа Шкендија знаеше да го искористи. Во копродукција со косовскиот тим Приштина, Висар Муслиу направи трансфер, а потоа веднаш е позајмен во редовите на Шкендија. Секако, со опција за комплетно откупување на договорот на крајот од сезоната, што сигурно ќе биде реализирано.

Така, Висар Муслиу стана „одметник“ од Вардар и најголемо засилување за Шкендија, а неговиот трансфер е „бегство на годината“ во македонската Прва лига.

Се вчитува...