Бејл го полуде Перез со новата одлука: На лето се враќам во Мадрид, уживам од трибини да го гледам Реал

Герет Бејл не попушта, тој очекува да биде иплатен до последниот цент од Реал Мадрид. Велшанецот има договор со Реал и следната сезона, па тешко е дека Тотенхем ќе го купи, но дури и ако биде пуштен бесплатно, Реал ќе мора да му плати околу 17 милиони евра нето за целата последна година од договорот.

Бејл планира да се врати во Реал на лето и нема проблем да седи на трибините до крајот на договорот. Бејл конечно почна да игра фудбал, постигна два гола за Тотенхем на дуелот против Барнли, но одлуката каде ќе ја продолжи кариерата ќе ја донесе на крајот од сезоната. Сепак, тешко е да се поверува дека Тотенхем би можел да му ја исплати сумата што ја има договорено со Реал.

Наводно преку својот агент, Бејл му рекол на Перез дека нема да се повлече од својата конечна одлука. Имено, Герет најавил дека ќе го земе и последниот денар што му следува од Реал. Делумно ова се толкува како одмазда кон Зидан, но исто така Велшанецот е лут и на Перез кој побара обештетување кога тој се согласи да оди во Кина за 100 милиони евра.

Инаку, Бејл одигра 22 натпревари откако дојде во Лондон оваа сезона, постигна осум гола и запиша пет асистенции.

Се вчитува...